Основна дејност на друштвото е ревизија на финансиски извештаи на средни и големи трговци, банки, друштва за осигурување, други финансиски институции, трговци кои составуваат консолидирани биланси и други.
Ценсум исто така врши и посебни договорни ревизорски услуги, како што се ревизија и контрола на финансиски извештаи, извештаи на усогласеност, итн. за трговски друштва и други правни лица, како и за донаторски проекти.
Покрај вршење на работите на ревизија, Ценсум е регистриран и за деловен и менаџмент консалтинг, даночен консалтинг, финансиски консалтинг, консалтинг во усовршување на системот на интерно-сметководствени контроли и на системот на сметководство, организација и воведување на интерна ревизија, консалтинг при воведување на информациони системи, проценка, вештачење и друго.
Услуги на даночни совети и друг консалтинг како и книговодствени услуги Ценсум извршува во посебен организационен дел на друштвото.
Друга област на активност на Друштвото е консалтинг во воведување на системи за управување со квалитет засновани на стандардот ISO 9001; оценка и сертификација на системите.
Друштвото е регистрирано според позитивната законска регулатива во Република Македонија и работи врз база на Решение од Министерство за финансии на РМ, број 07-23047/1 од 21.10.2004.година.
Основачот на Ценсум е носител на сертификатот за овластен ревизор евидентиран во Министерство за финансии на РМ под број 44. Со сертификатот се стекнал на 3.2.2003.година, врз основа на член 30 став 2 од Законот за ревизија, односно по едукацијата и успешно положените испити во организација на Министерството за финансии на РМ, а во соработка со УСАИД Проект за јакнење на финансискиот сектор во Македонија и Економскиот факултет - Скопје.
Покрај наведеното, основачот има долгогодишно професионално искуство во областа на финансии, сметководство, контролинг, информатичка технологија, осигурување и др., поголем период на високи раководни функции, во успешна локална компанија која 1999 година стана дел од мултинационална компанија. За компанијата работел во земјата и во странство. По сите ревизорски прегледи, од ревизорски друштва од земјата и од странство, кои ја обработуваа работата на друштвото во кое беше одговорно лице во последните десетина години, издадени се позитивни ревизорски мислења. Истото е случај и за даночните инспекции.
Ценсум пружа највисоко ниво на услуги, како друштво кадровски, технички и организационо оспособено квалитетно, стручно и во рок да ја изврши секоја договорена работа.
Основа за нашата работа претставуваат Меѓународните сметководствени стандарди утврдени од Одборот за Меѓународни сметководствени стандарди (IASB) и Меѓународниот стандард за финансиско известување.
Компанијата ги следи принципите на независност, точност и сеопфатност. Почитувањето на овие принципи резултира во целосни и објективни извештаи кои обезбедуваат насоки за нашите клиенти во нивното финансиско и сметководствено работење.
-
-
|