ЦенсумИзвештаи  
гопотврдуваме.вашиотуспех.
Ревизија, Сметководство и Консалтинг
 
 
  За Нас Услуги Извештаи Тим Контакт   Назад на Главна English  
 
 
     
 

Друштво за ревизија ЦЕНСУМ ДООЕЛ Скопје

Извештај за транспарентност

Извештајна година 2010

1. Правна структура и сопственост
Друштвото за ревизија ЦЕНСУМ ДООЕЛ Скопје е регистрирано според позитивната законска регулатива во Република Македонија и работи врз основа на Решение од Министерството за финансии на РМ, број 07-23047/1 од 21.10.2004 година.
ЦЕНСУМ е регистрирано како друштво со ограничена одговорност од едно лице (ДООЕЛ). Основач и сопственик на Друштвото е овластениот ревизор Стојан Јорданов. Во него се вработени два овластени ревизора: Стојан Јорданов и Миле Ниневски, така што Друштвото е во целосна согласност со барањата за издавање дозвола за работа дефинирани во член 17 од Законот за ревизија.
Друштвото има склучено осигурување со осигурителна компанија. Осигурувањето на дејноста ги покрива можните штети нанесени на клиентите.
2. Професионална мрежа и правните и структурните ангажмани во мрежата
Друштвото за ревизија Ценсум е член на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Овластените ревизори, ангажирани во Друштвото, се членови на Институтот.
Во текот на 2010 година, Друштвото оствари повеќе контакти со неколку меѓународни ревизорски мрежи, по чии барања изврши определени активности во Република Македонија. Ценсум нема склучено договори за членство или договори за исклучиво право на застапување на интересите со некоја од меѓународните ревизорски мрежи.
3. Управувачка структура
Ценсум бележи постојан раст во работењето. Ценсум обезбедува највисоко ниво на услуги, и претставува друштво кое е кадровски, технички и организационо оспособено за да може квалитетно, стручно и во рок да ја изврши секоја договорена работа.
Во Ценсум се вработени 10 лица, а управувачкиот тим е следниот:
Стојан Јорданов, дипломиран економист, овластен ревизор - дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1983 година. Носител е на сертификатот за овластен ревизор евидентиран во Министерството за финансии на РМ под број 44. Со сертификатот се стекнал на 3.2.2003 година, врз основа на член 30 став 2 од Законот за ревизија, односно по едукацијата и успешно положените испити во организација на Министерството за финансии на РМ, а во соработка со УСАИД Проект за јакнење на финансискиот сектор во Македонија и Економскиот факултет - Скопје. По обуката и успешно поминатиот испит во организација на LRQA, се стекнал со сертификатот за ISO 9000:2000 Водечки проверувач. Сертификатот издаден од  LRQA е со број 06/0210. Професионално искуство од 25 години стекнал во областа на финансии, сметководство, контролинг, информатичка технологија, осигурување и др., поголем период на високи раководни функции. По основањето на Друштвото за ревизија Ценсум ДООЕЛ Скопје работи како управител на Друштвото.
Миле Ниневски, дипломиран економист, овластен ревизор - дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1980 година. Носител е на сертификатот за овластен ревизор евидентиран во Министерството за финансии на РМ под број 40. Со сертификатот се стекнал на 3.2.2003 година, врз основа на член 30 став 2 од Законот за ревизија. Професионално искуство од 30 години стекнал во повеќе компании во Македонија, главно во областа на сметководство и финансии, поголем период на раководни функции како финансов директор, управител и основач. Во Ценсум е ангажиран како раководител на ревизија.
Небојша Младеновиќ, дипломиран економист - дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1983 година. Професионално искуство од 25 години стекнал на почеток како професор во економско училиште, понатаму во повеќе компании во Македонија, поголем дел на раководни функции, финансов директор, управител и основач. Во Ценсум е ангажиран како раководител на сметководствени услуги.
Ценсум има склучено договор за соработка со:
Илија Митрев, дипломиран економист, овластен ревизор - дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот во Битола 1990 година. Носител е на сертификатот за овластен ревизор евидентиран во Министерството за финансии на РМ под број 143. Со сертификатот се стекнал на 26.12.2005 година, врз основа на член 30 став 2 од Законот за ревизија. Покрај наведеното, именуваниот е електротехнички инжињер од 1978 година, овластен проценител со општи овластувања и овластување за електротехничка област, судски вештак и стечаен управник. Професионалното искуство од 32 години го стекнал главно како професор, а дополнително во областа на сметководство, проценки и судски вештачења. Во Ценсум е ангажиран во повеќе проекти на ревизија.
Фима Биљарска, дипломиран економист, овластен ревизор - дипломирала на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1977 година. Носител е на сертификатот за овластен ревизор евидентиран во Министерството за финансии на РМ под број 101. Со сертификатот се стекнала на 12.02.2004 година, врз основа на член 30 став 2 од Законот за ревизија. Покрај наведеното, именуваната е судски проценител од областа на економско-финансиско работење од 1998 година, како и овластен проценител со општи овластувања за проценка на вредноста на претпријатијата со општествен капитал. Во Ценсум е ангажирана во повеќе проекти на ревизија.
Светлана Стефановска, дипломиран економист, овластен ревизор - дипломирала на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1989 година. Носител е на сертификатот за овластен ревизор евидентиран во Министерството за финансии на РМ под број 10. Со сертификатот се стекнала во јуни 2002 година, врз основа на член 30 став 2 од Законот за ревизија. Во Ценсум е ангажирана во повеќе проекти на ревизија.


4. Систем на контрола на квалитетот
Основа за нашата работа претставуваат Меѓународните ревизорски стандарди и Кодексот на етика на професионални сметководители. Во ревизијата на трговски друштва проверуваме усогласеност на извештаите со Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните сметководствени стандарди утврдени од Одборот за Меѓународни сметководствени стандарди (IASB). Во ревизијата на ентитети кои имаат со закон определена друга сметководствена рамка, како на пример Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници и Правилник за примена на Меѓународните сметководствени стандарди за јавниот сектор на готовинска основа или Законот за сметководство на непрофитни организации, проверуваме и усогласеност на извештаите со така дефинираната рамка.
Компанијата ги следи принципите на независност, точност и сеопфатност. Почитувањето на овие принципи резултира во целосни и објективни извештаи кои обезбедуваат насоки за нашите клиенти во нивното финансиско и сметководствено работење.
Работата на ревизија на финансиските извештаи е контролирана од управителот Стојан Јорданов, овластен ревизор. Друштвото има развиено интерен софтвер за ревизорски услуги со кој се планираат ревизии и кој овозможува контрола на квалитетот на работата на ревизорските тимови. Подготвената работна документација се контролира од страна на управителот пред издавањето на извештаите, а истата се архивира во просториите на Друштвото.
5. Проверка за уверување во квалитетот на ревизорот
Институтот на овластени ревизори на Република Македонија спроведе проверка за уверување во квалитетот на Друштвото на 30 ноември, 1 и 2 декември 2010 година.


6. Листа на комитенти кај кои Ценсум изврши ревизорски услуги во 2010 година:
•           РИМЕС ДОО Скопје
•           ИТС ИСКРАТЕЛ
•           АД СТРУМИЦА ТАБАК Струмица
•           РИГО Импекс ДОО Скопје
•           ПАКОМ ДООЕЛ Скопје – членка на M-SAN Grupa, Zagreb, Hrvatska
•           КИНГ ИЦТ ДООЕЛ Скопје – членка на M-SAN Grupa, Zagreb, Hrvatska
•           ГЕМАК Траде – Скопје
•           КИА Моторс Мацедониа – Скопје
•           Гранд - Експорт ДООЕЛ увоз-извоз – Скопје
•           ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ ДОО – Скопје
•           ЕЛЕКТРОМЕТАЛ АД – Скопје
•           ТД НЕЛТ СТ ДООЕЛ Илинден
•           ТОТО ЛИЗИНГ ДОО Скопје
•           ВИПРОМ ЈТД, Делчево
•           ИНОВА Л.Т.Д. ЗЛАТКО ДООЕЛ увоз-извоз – Скопје
•           ЛАРС ДООЕЛ Штип
•           ДЕЛТА БЕТ ДООЕЛ Скопје
•           ТД ТЕМПО-96 ДООЕЛ Скопје
•           ПЕВЕЦ ДООЕЛ Скопје
•           ЕУРОТРАНС АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ ДОО
•           СИГ ИНЖИЊЕРИНГ извоз-увоз Неготино
•           ФАБРИКА СЛОБОДА ДООЕЛ Неготино
•           Фондација за поддршка и развој - Прилеп
•           Здружение на граѓани „АКЦИЈА ЗДРУЖЕНСКА“ – Скопје
•           Македонски центар за европско образование (МЦЕТ) – Скопје
•           Центар за образовна поддршка „Дендо Вас“ - Скопје
•           Здружение на граѓани Роми „Врама Си“ - Куманово
•           Хуманитарна организација „ПХС“ - Прилеп
•           Ромско хуманитарно здружение на жени „KHAM“ – Куманово
•           Здружение на граѓани МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ Скопје
•           МАРРИ Регионален центар во Скопје (MARRI Regional Centre)
•           ЦЕНТАР ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ – СКОПЈЕ
•           Здружение на граѓани РЕАКТОР-истражување во акција
•           Проект за основно образование ПЕП – имплементиран од Македонски центар за граѓанско образование МЦГО, донатор УСАИД
•           УСАИД средства преку Националниот демократски институт (NDI) доделени на Асоцијација Про Демократија (Asociatia Pro Democratia) – Букурешт, Романија, за проектите Набљудување и следење на избори во Косово 2009 и ЕНЕМО мисија во Украина 2010
•           Министерство за здравство на Р.М., „Програма за борба против туберкулоза“, донатор ГЛОБАЛЕН ФОНД за борба против ХИВ, туберкулоза и маларија
•           Министерство за здравство на Р.М., Проект „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ“, донатор ГЛОБАЛЕН ФОНД за борба против ХИВ, туберкулоза и маларија
•           Програма Култура 2007-2013“ спроведувана од Министерството за култура на Р. Македонија, Одделение Културно Контактна Точка, донатор  Извршна агенција за образование, култура и аудиовизуелна дејност при Европската Комисија – Брисел и Министерство за култура на Република Македонија
•           Проект „ОБЕДИНЕТИ ВО АКЦИЈА“, имплементиран од МЛАДИНСКИ ОБРАЗОВЕН ФОРУМ, а финансиран од Европска Комисија
•           Проект „Човековите права – База за локален развој“, имплементиран од Здружение на граѓани ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ, а финансиран од Европската Комисија
•           Програма “Форуми во заедницата“ имплементирана од Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), а финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)
•           Проект „Живот на купони – подемот и падот на Кратово“, грант бр. 0000008333, имплементиран од Здружение на граѓани РЕАКТОР-истражување во акција, а финансиран од Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ)
•           Проект „Oдговорно претприемништво за млади“, имплементиран од ПСМ Фондација, а финансиран од Европската Комисија
•           Проект "Establishment of Network for Co-operation between Border Police on International Airport Border Crossing Points in MARRI Member States", имплементиран од МАРРИ Регионален центар во Скопје (MARRI Regional Centre), а финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)
•           Проект „Прв пат гласам“, имплементиран од Граѓанска Асоцијација МОСТ, а финансиран од Европската Комисија
7. Изјава за независното работење на Друштвото
Во Друштвото постојат интерни процедури за проверка на усогласеноста на независноста. Во 2010 година вработените во Друштвото, како и неговите надворешни соработници, потпишаа изјави за независност, со што се потврдува спроведување на претходно наведените интерни процедури.
8. Изјава за политиката на Друштвото
Друштвото има за цел да воспостави, спроведе, одржува, следи и спроведува систем за контрола на квалитет кој обезбедува разумно уверување дека друштвото и персоналот работат во согласност со Меѓународниот стандард за контрола на квалитет (МСКК) 1 “Контрола на квалитет за фирми кои спроведуваат ревизии и проверки на финансиски извештаи, и други ангажмани на уверување и поврзани услуги”, и дека извештаите за ангажманите на друштвата се соодветни со приликите.
9. Финансиски информации
Остварени приходи во 2010 година


ВИД НА ПРИХОД

ИЗНОС

%

Услуги на ревизија на годишни и консолидирани сметки

5.440.547,00

51,58

Дополнителни услуги на уверување во квалитет

296.330,00

2,81

Даночни советодавни услуги

4.810.040,00

45,60

Други неревизорски услуги

1.648

0,02

ВКУПНО

10.548.565,00

100,0

10. Хонорар на овластен ревизор
Основа за утврдување на хонорарот на овластениот ревизор претставуваат потрошените часови на ревизорскиот ангажман.

Извештајот е подготвен во согласност со член 35 од Законот за ревизија.

ЦЕНСУМ ДООЕЛ Скопје
Управител
Стојан Јорданов

 

 
 
Авторски Права © 2007 Ценсум Македонија. Сите права се задржани. Вебсајтот е изработен од Censum ITC.